ВО ЖИВ ПРОСТОР ЖИВО ВРЕМЕ, Залезни мигови, поетска инсталација

Потребно време за читање: < 1 минута

21. На чистина

Излегов на чистина
среде виделина
за да согледам и разберам
суштина на миг
во кој силата на еден збор
се искажува со крик.

Зборот е ранет, скрвавен,
дојден од беспаќе
совладано по долго
војување
со злосторни ништења
на корени
без кои е невозможно
какво било опстојување.

Мигот со крикот
буди времиња во свеста
кои знаеле за спокој
во надеж,
кои верувале
во спокојна надеж.

На чистина сум
среде виделина,
а како да не сум јас,
туку маж во снага
и решителност.

Leave the first comment