41. Душа од човек
Излегла душа од човек
во последен миг на разделба
со нивен заеднички
жив и мртов свет,
светол и во црнотија.
Излегла, та се замешала
меѓу скитници и намерници,
дамна родени негде,
уште неродени каде било,
на нивен заеднички пат
кон недоглед;
таа иста како нив
за никој да не ја препознае
дека е душа од човек.