54. На брег на матна река
Он сведочи за смрти во матна река
откако мина време на нејзин брег
спроти сонце на исток.
Ништо во неа од бранови до дно,
ништо живо во свет што мине,
ништо за одново раѓање на надеж.
Он на нејзин брег долго
во свое време со премалени сни
и изрането тело, ледно, бескрвно.
Може скоро да се избистри сама
или со помош на непрестан ветар
на промени на извор почнати?
Он сведочи за смрти во матна река
дека секако наскоро ќе се излее
и ќе почне да прави ново корито.