Од крајот на нов ден
до почетокот на самрак
од нова ноќ
пред сè во мене
и надвор од мене
разбрането време кое
надоаѓа со ветар јак
нескротлив.
Не е ноќва различна
од многу од сите други
пред неа разбранети
туку сум јас различен
со мои бранови до небо
еден зад друг
во други распенети
туку сум јас единствен
разбранет распенет
и преуморен од будност.
Во оваа нова ноќ
разбранета
веќе не знам дали сум
со тебе
или без тебе уште можам
да чекорам
со ѕвонлив чекор
во тишина
која нема ништо
именувано од мене
ни допрва веќе нема
да можам буден
да пронајдам љубов
која ќе ме успокои.
ОГОН ВО ПУСТОШИЈА, Мразнина, поетска студија 56
Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.
Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.