Во мојата стихија

Внатрешни содржини

Меѓу оган, вода, воздух и земја
или со сите нив наеднаш,
заедно и истовремено одделно.

Тоа ми е сеедно.

Кога сум во мојата стихија
ги има сите во логичен ред
најпрвин
а потоа во каков било неред
како дел од моето постоење.

Впрочем, како секој
во својата стихија.

Сепак, почетоков нека биде
со оган
зашто водата, воздухот
и земјата
треба допрва да ги совладам,
па да ги освојам
за да станат дел
од мојата стихија
во која сум
апсолутно слободен и свој.

ВНАТРЕШНИ СОДРЖИНИ, Пустелија, поетска студија, 1

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.