fbpx Прескокни до главната содржина

Години

Тивки клокоти

Како ни идат годините, така ни престасува младоста и нè достасува староста. Секоја нова година отфрла или заборава сè што од старост е истрошено, изнемоштено. Приграбува сè што се најавува ново како искуство и вистина, а за да го започне или да го продолжи.

Годините се трошат, невратно заминуваат, а по нив останува само од нас правеното-недоправеното. За сеќавање и спомнување до заборавање.

Кога ќе ти натежнат, не мора и здравјето и светогледот да не ти се за денес. Напротив, тие се носат со напор, од ден на ден сè поголем, но здравјето може да се варди уште долго како неначнато. Најмногу на духот.

Мудроста доаѓа со годините? Нема врска! Годините ни доаѓаат со мудрост ако продолжиме животот да го живееме со нам блиските и најблиските, а не да го живуркаме со сè подалечни и најдалечни од нас. Или преживуваме во самотија.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 1

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.