СО ТЕМЕЛОТ, ЗА ТЕМЕЛОТ И ВО ТЕМЕЛОТ СЕКОГАШ СЕРИОЗНО, ЗНАЧИ БЕЗ НИКАКВИ ИМПРОВИЗАЦИИ. СО ТЕМЕЛ НА СĖ, ПРЕД СĖ НА СУШТЕСТВЕНО. АКО НЕКОЈ МИСЛИ ДЕКА МОЖЕ НЕСЕРИОЗНО, СО КАКВИ БИЛО ИМПРОВИЗАЦИИ, СЕЕДНО НА СУШТЕСТВЕНО ИЛИ МАРГИНАЛНО, НЕЗНАЧИТЕЛНО, ТОЈ НЕКОЈ НЕ САМО ШТО НЕ ЗНАЕ КАКВО ЗНАЧЕЊЕ ИМА ТЕМЕЛОТ, ТУКУ И САМИОТ НЕ Е ТЕМЕЛЕН.
ТОА Е НАЈОЧИГЛЕДНО НАЈНАПРЕД НЕ КОГА Е ЗБОР ЗА КУЌА, ЗА ДОМ, ТУКУ ПРЕД НОВ ГОЛЕМ ЧЕКОР КОН ДОГЛЕДНА ЦЕЛ. НА ПРИМЕР, ЦЕЛТА Е ДА СЕ РАСПАЛИ ОГАН МЕЃУ ДВЕ МРАЗНИНИ ИЛИ ДА СЕ МИНЕ МЕЃУ ДВА ОГНА ОД ВИСОКА ПЛАНИНА ДО ПЛОДНА НИЗИНА.
НЕ Е ИСТО, НО МОЖЕ ДА Е СЛИЧНО СО ТЕМЕЛНОСТА КАКО СМИСЛЕНОСТ ИЛИ ОСМИСЛЕНОСТ И ИЗГРАДЕНОСТ ИЛИ ДОГРАДЕНОСТ. СО ШТО БИЛО, ВО ШТО БИЛО, КАКО БИЛО И КОГА БИЛО. СПРОТИВНО НЕ СЕ ТОЛКУ ПОВРШНОСТА И НЕДОГРАДЕНОСТА, КОЛКУ НЕСИГУРНОСТА, КОЛЕБЛИВОСТА, РЕЗЕРВИРАНОСТА.
ЕДЕН ЧОВЕК ПРАВИ ТЕМЕЛ СО СЕТО СВОЕ ЗНАЕЊЕ И ОПИТНОСТ, МЕЃУТОА, СУДЕЈЌИ СПОРЕД ТОА КАКО ГО ПРАВИ ТОА, НЕИЗВЕСНО Е ДАЛИ СЕ ПОДГОТВИЛ ТЕМЕЛНО ЗА ТАКОВ ПОТФАТ. ЧОВЕКОТ ПРАВИ ТЕМЕЛ ЗА ТВРДИНА СО КОЈА ЌЕ ЈА ОБГРАДИ СВОЈАТА ЛИЧНА СЛОБОДА.
НАСЛОВИ (СĖ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 38