Судење на заводлива плавуша

Виц-блиц

Судењето на една мошне заводлива плавуша почнува прилично лошо за неа. Нејзиниот адвокат заигрува на последната карта и ѝ се обраќа на поротата, главно средовечни мажи:

-Господа поротници, зарем ќе дозволите ова слатко суштество да го минува времето во мемлива ќелија, наместо во својот убаво наместен стан, во удобен кревет, покрај мал бел телефон чиј број е 936-9-200…Повторувам: 936-9-220…

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.