186. Достатно
Сè достатно во годиниве
во кои се враќам кон крај.
187. Не треба
Не треба никој да почнува
од кај што некој не завршува.
188. Кон
Кон тебе, кон мене, кон нас
ти, јас и секој што е во нас.
189. Дикат
Со голем дикат следам
кој остава сенка по мене.
190. Воплотување
Уште две-три грсти земја
и ќе воплотам нов живот.