Потребно време за читање: < 1 минута

471. Одѕвон

Ме замелушува глас
што одѕвонува далеку.

472. По отсонување

Стварност по отсонет сон
со луѓе кои сноват низ мрак.

473. Еднаш

Ни двапати иста песна
на птица пред селидба.

474. И бос и гол

Да е само бос, а не и гол,
гладников не би го познал.

475. Кама Наострена кама сече корени
на вкоренети во туѓа земја.