СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, поезија/двостишија, 361-365

Потребно време за читање: < 1 минута

361.  Време

Се менува времево од час во час,
како единствена негова минливост.

362. Голо тело на студ

Не се знае од каде голово тело
како страст на студ среде оган.

363. Насеќава

Сонувач пред будење насеќава
нова јава во свој последен сон.

364. Сосем

Сосем нов предел за игра на рожба
со одамна оживеани нејзини знаци.

365. Вина

На виделина вина за уривање
на збришана древна урнатина.