276. Гласови и знаци
Деца на гола земја заиграле
своја игра со гласови и знаци.
277. Во омразија
Се дават насилници неброени
од мрачна до смртна омразија.
278. Сушни ноќи
Непроспиени ноќи
дека непрегледна суша.
279. Немошни стари
Само немошни стари сноват
низ улици на безживотен град.
280. Би можел
Тој би можел уште некое време
жизнено, орно и стамено со љубов.