Спокој на природа

Внатрешни содржини

Гледам во недоглед студ,
слушам во тишина молк;
гледам ден без ноќ
недооден,
слушам ноќ без ден
преуморна.

Не е од мене,
од никого не е
овој спокој на природа
која како да ме брза
да се пронајдам конечно
себеси.

Сè од студот во недоглед,
сè од молкот во тишина,
сè со секој ден без ноќ
и сè со секоја ноќ без ден
од мене е за сите години
што ќе живеат долго
по моето втасување
на крајот
на сите краишта.

ВНАТРЕШНИ СОДРЖИНИ, Пустелија, поетска студија, 12

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.