136. Мојава земја на Ѕе
Мојава земја е на Ѕе,
а со неа е тој во мене.
Секогаш е жива, создателна,
изгревна, светлосна и залезна.
Ѕе од изгревање ме води
кон извор непресушен.
Ѕе до залез создава мое дело
со негова крв бележано.
Иако обајцата знаеме дека
нема да го создадам докрај.
Зашто е сеедно кој од нас
прв ќе стаса на хоризонтот.
Зашто е тој и негов и мој
за опстој, за сон, за корени.
А Ма, а Ма не престанува
да прибира семиња секакви
што ќе ги запре сите сегашни
и идни мои беспаќа во мене.