СОЗДАТЕЛ ВО ИЗГРЕВОТ И ЗАЛЕЗОТ, XII, СЕМОЖЕН, НЕМОШЕН И НЕВОЛЕН, Неволен, поетска студија за беспаќата во човекот

Потребно време за читање: < 1 минута

121. Со земјата пред во неа

Есенско лисје паднало на земјата
влажна и мека,
речиси ја покрило сета.
Жолто, црвено, зелено, кафено,
црвено-кафено, темно-зелено.

Паднало на земјата и паѓа,
иако ни ветре ни мој здив
во крошниве, помеѓу дврјава.

Не го собирам, не се покривам
со него,
а мислам, а сигурен сум
дека земјата под нозеве,
околу мене, подалеку од мене
мисли дека паднало
за да ја покрие, без свој здив
да остане.

Знам, воопшто не се сомневам
дека таа до пролет ќе го собере
во себе
за да ја продолжат живеачката
заедно,
да ја одбранат плодноста
нејзина,
да се возобнови хранителноста
негова
и да ги заживеам
и да ги закоренам семињата
мои.

Leave the first comment