113. Во мене сам
Понекогаш сум сам
во мене
онемен пред
загадочни простори
помеѓу збор и игра
необмислени.
Како да сум на крај
на сончев зрак
што разгорува спокој
обневиден.
Кога сум понекогаш
сам во мене
никој не може
да ме сокрие
во некој свој сон,
ниту кој било
во кое било доба
да се обиде
да ме открие
каков што секако
ќе бев
ако продолжев
со стамен чекор
кон од мене создаден
свет единствен,
без дребнавости
и бесмислености.