Потребно време за читање: < 1 минута

89. Прудолу камен
Се забрзал прудолу
еден камен
како никој и ништо
да не може да го запре
сѐ до бездната
на неизвесноста
што се отворила
да проголта
човечка мачнина
во живот без помисла
на чија било смрт.
Прудолу нема ништо
за внимание, грижа,
за промисла;
без оглед што некогаш
некој стамен,
некој силен,
некој вековит корен
му се испречува
не за да го подзапре,
туку за да се обиде
да му докаже
дека и нему
никој со ништо
не може да му помогне
во пустошно време;
освен можеби човек,
можеби човек.
Ама и тој пред него
се забрзал прудолу.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here