СОВРЕМЕ, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

16. Наезди

Први беа туѓински војски
качени на црни облаци,
слепи.

По нив секакви инсекти
што правеа живи рани
на голи тела,
а птици грабливки
со скрвавени клунови
разгоруваа оган
за пеплосување
на сѐ што играше
своја животворна игра.

Конечно народот
онеме пред наездата
на мразнини и жештини
едновремени, деноноќни,
кои мигум струполуваа
стени
од неосвоиви врвови
на стари планини,
премалуваа
млади и стари коски
со свои достојанија,
та ги расфрлуваа
во недогледни пустоти;

неименувани,
без писмо, знак, говор,
без каква било трага
завеана или незавеана
на живот во блиско
и далечно минато,
збришани.

Leave the first comment