45. Од време
Од време е така
како што сега може
да биде прикажано
за докажување на сѐ
допрва.
Јас и вие некогаш
може сме без некоја
достижна цел
на пат до крстопат,
на кој недраго скоро
ќе бидеме.
Но тоа не значи
дека така секогаш
сме почнувале
многу од сѐ заедно,
па веќе знаеме
како јас со вас,
како вие со мене.
Мислам дека наш
најголем проблем
е докажувањето
на сѐ допрва.
Зашто од време
научивме колку
време немаме
само за нас,
сѐ уште во време
колку незнајно,
а препознатливо,
а пресвртно.