ШТОМ ЗАОДЕВ, СЕКАКО ЌЕ ДООДАМ или СЕКИДНЕВНИ НАСТАНИ И ДОЖИВУВАЊА ВО ЖИВОТОТ НА КОРЕН СТАМЕНОСКИ СО ПРЕКАР ИМЕ, минијатурен политички роман

Потребно време за читање: < 1 минута

Настан XI

Заедно Име, Илина и Верна во Музејот на љубовта, на големите љубови во далечното и блиско минато на Костечани. Заедно молчешкум, внимателно и љубопитно ја согледуваат нераскинливата врска помеѓу животот, љубовта и смртта. Едновремено, си докажуваат на себеси дека во светот на великите тие ни заедно не се изборуваат против заборавот без творечката енергија.

Всушност, тие се за првпат заедно во првата голема музејска хала наречена „Раѓање на љубовта од дамнина до денес“. Кустосот раскажува и објаснува:

-Со восочни фигури во природна големина, нивни сенки, светла во разни бои, звуци, шепоти и песни раскажуваме различни раѓања на големи љубови. На сите им е ист просторот што го зафаќаат. Ако се загледате во нив, ќе забележите дека тој е еднаков за сите и сите се меѓусебно разграничени само со различни пулсирања на срцата.

Коментира Верна:

-Да, да. Сѐ е мошне симболично.

Илина:

-Нема никаква симболика, Верна. Сѐ е како што било и како што е. Раскажани и доживеани љубови од дамнина до денес.

Име пред маж, жена и две дробни деца во круг, едни спроти други:

-Јас мислам дека ова е најболно раѓање на љубовта. Оти е безвременско траење. Никогаш угаслива.

Верна го погледнува продорно, исто и Илина.

Стојат нȇмо некое време, па молчешкум излегуваат од музејот и се упатуваат кон Мостот на великите.

Leave the first comment