Шеметно

Внатрешни содржини

Не ќе е ноќ ноќ
ни ќе е ден ден
штом идат сами
штом одат заедно
шеметно
за сон па за јаве
речиси
во еден здив
во исто време
прв и последен.

Тоа може зашто
шеметно оболува
па здравее
шеметно здравее
па оболува
човек премален
од дамнина
чиј крик немошен
скоро нема никој
ни да го наслушне
ни да го наслути
како последен.

ВНАТРЕШНИ СОДРЖИНИ, Пустелија, поетска студија, 21

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.