Потребно време за читање: < 1 минута

Во историјата на човековата цивилизација е мал бројот на големи семејства од кои „излегле“ повеќемина истакнати личности, со дела кои претставуваат дел од нејзините трајни вредности. А особено семејства чии членови сета своја творечка енергија ја насочиле и трошеле на истородно творештво, како што е на пример музичкото. Не само според бројот, туку и според „специфичната тежина“ се издвојува семејството Штраус.

Знаете ли колкумина музичари и композитори го носат тоа славно презиме Штраус? Изненадувачи многу и сите стекнале светска слава.

Најпознат е Јохан Штраус Помладиот:

Но пред него бил исто така мошне популарен и неговиот татко, познатиот австриски композитор Јохан Штраус Постариот (1804-1849), капелник и композитор, татко на популарните виенски композитори Јохан, Јозеф (1829-1870) и Едуард (1835-1916). Прво бил капелник на разни забавни оркестри, а потоа на дворскиот танцов оркестар во Виена. Заедно со Ланер е најзаслужниот за големата распространетост на лесниот виенски валцер на почетокот од 19-тиот век, а компонирал и голем број на кадрили, маршеви, полки, галопи итн.

Прочитај и за ... >>  Tамбура

Јохан Штраус Помладиот (1825-1899) бил прочуен австриски композитор, виолинист и диригент, композитор на најпопуларните валцери на своето време (“На убавиот син Дунав”, “Приказни од виенската шума” итн.), како и на оперетите “Лилјак” и “Барон циганин”. Со своите забавни оркестри често концертрирал низ Европа.

https://www.youtube.com/watch?v=n1gRCAPnmeM

Оскар Штраус (1870-1954) бил австриски диригент и композитор кој живеел во Њујорк. Најпозната му е оперетата „Сонот на валцерот“.

Рихард Штраус (1864-1949) бил германски композитор и диригент, најистакнат германски композитор на своето време, продолжувач на програмската музика, истакнат творец на модерната музичка драма, мајстор на оркестрацијата. Живеел и работел во Минхен, Вајмар, Берлин и Виена. Компонирал опери, оперети, симфониски поеми, балети, камерна музика. Главни дела му се: симфониската поема “Дон Жуан”, “Веселите лудории на Тил Ојленшпигел”, “Електра”, “Кавалер со ружа” и други.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here