Има некои состојби
Појави предмети
Собитија
Што се секогаш
Како никогаш
И се неповторливи
Во постојаности
Сосе опстаночни
Жизнености.
Состојби појави
Предмети собитија
Различни за човек
Во човек
Поготово додека
Не знае ни каде е
Ни од каде до каде
Да стигне навреме.
Секогаш едни
Секогаш други
Секогаш знајни
Секогаш незнајни.
На пример песочен
Часовник
Во време измерено
Па ослободено
Кој сам се врти
Или го вртат
Од пладне до полноќ
Сонце и месечина
Во свои ритми
Слободно.
Секогаш засекогаш
Песочен часовник
Суден.
ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Новота, стихозбирка, 56




