25. Слики на ѕидови
Наредив сики
вредни
кои дишат
како да се живи
на голи празни
на бели студени
ѕидови.
Од нив секакви
игри со бои
звуци и знаци.
На нив нечии
ведри трепети
за секогаш мои.
26. Маса
Седнаа на долга маса
од ореово дрво
направена со раце
на вешт столар.
Седнаа млади и стари
едни спроти други
уште животворни
од различни стебла
семејни вековити.
Жизнени насмеани
во светлина и мрак.
27. Камено легло
Одмора коски
во камено легло
човек во години
по долго одење
на пат бесцелен
покриен со трње.
Ќе продолжи
ако одмори
а каменото легло
не му го запре
човечното срце.
СЕКИДНЕВИЕ, Потребности, поезија/припеви




