fbpx Прескокни до главната содржина

Секидневие, 28-30

Секидневие, дело во создавање, автор: Љупчо Димитровски

28. Земја

Омеѓена земја
во некој век
со многу води
и струполени
камења во бездна.

Не се знае од кога
не е превртена
ниту дали некогаш
било посеано
некое семе во неа.

Никој што минува
крај неа
не забележува
дека е обрасната
со диви треви
и плевел.

29. Пајажина

Сегде пајажина
околу мене
како којзнае од кога
да нема жива душа
далеку и близу.

Покрила обградила
густа како друга
никоја
што да не може
никој да ја пробие
да ја разбие
да ѝ го најде
почетокот и крајот.

А нигде пајак
а нигде пајаци.

30. Покривка

Што има под покривкава
на ветров која ноќум  
ја расфрлувал ненадејно.

Нешто сегде расфрлано
ко некој да се обидувал
да ја оневозможи мојата
слобода.

Покривкава на ветров
можеби ќе се крене
кога сонце ќе огрее.

СЕКИДНЕВИЕ, Појавности, поезија/припеви

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.