СРЦЕВИНИ НА САМОТНИ СОПАТНИЦИ, роман

Потребно време за читање: < 1 минута

21. Сегашна љубов и живот

Различна е силата на разделени и далечни љубови. Сеедно каква била, а каква е; голема, единствена и непорочна, една од неколкуте што се паметат како неповторливи или неостварена, како дел од минливото минато на животот.

Со овој став на Бисера и Пламен не се согласуваат многумина од нивните ближни, пријатели и познајници. Но, тие не го менуваат. Еве и сега, разделени и далечни. Особено зашто истото го почувствуваа во себе штом отпатуваа од татковината, од Македонија. Таа во Монтреал, а тој во Бирмингем.

Тоа еднакво се однесува и на семејната хармонија, разбирањето и односите меѓу нив и Апостол и Ѕвездана.

На честото прашање во што е и колку е различна од другите, тие одговараат исто:

„Различна е најнапред според меѓусебното недостасување односно празнината помеѓу. А потоа според меѓусебниот копнеж. Секако повеќе одошто кога нашите љубови беа едни до други, едни со други и блиски. Тоа со секое деноноќие станува сè поинтензивно, сè подлабоко и поинакво. Може да се опише како едновремено богатење и сиромашење на содржината на секојдневноста“.

Сегашната љубов и животот на Бисера и Пламен, исто така и љубовта меѓу нив и Апостол и Ѕвездана, несомнено станува пред сè сплотувачка. Деноноќно ја поткрепуваат надежта и вербата во скорашно нивно ново заедничко време.

За татковинската љубов допрва. Како оган во нивните срца кој тлее и се разгорува во неизвесни времиња.

Leave the first comment