fbpx Прескокни до главната содржина

Самостојна изложба на графики на Јована Тодоровска „Од раѓање до живот“

Самостојна изложба на графики на Јована Тодоровска „Од раѓање до живот“

За изложбата на графики „Од раѓање до живот“

Сите ние, како живи суштества сме различни. Мали, големи, стари, млади, среќни, несреќни, сите сме различни, но затоа заедно правиме една убава целина. Уште пред самото раѓање многу работи ни се предодредени: нашето име, презиме, религија, општество, роднини и слично, но има премногу работи кои сами треба да си направиме, достигнеме, уживаме…

Изложбата „Од раѓање до живот“ е целина на различни, но сепак исти дела составени од многу бои, кои ги претставуваат различните аспекти на животот, и многу линии кои го означуваат секој еден пат по кој сме тргнале, тргнале па застанале, тргнале па се вратиле назад или негде таму во далечината стигнале до посакуваната цел.

Животот како нешто што ни е дадено само еднаш и само нас, јас стојам зад ставот дека секој еден траба сам да си го диригира истиот, нормално со консултации, но крајната одлука да биде наша и само наша. Затоа ова изложба, овие дела ги оставам да зборуваат само за себе и секој еден гледач сам да се препознае во истите.

Прочитај и за ... >>  Креативното пишување како пат до сопствениот глас: работилница со Ксенија Николова во КИЦ

Изложбата „Од раѓање до живот“ е составена од 20 графики испринтани во техника линолеум и ќе трае до 02.06 2026

За Јована Тодоровска

Дипломирала на Факултетот за Ликовни уметности при УКИМ во Скопје, на отсекот Ликовна педагогија со насока Графика, самостојно излагала во Битола ,Загрeб и Њу Јорк. Има учествувано на 30тина групни изложби

Локација: Културно Информативен Центар Скопје, Продажен ликовен салон
Отворање на 20.05 2026 во 19.00ч.

Самостојна изложба на графики на Јована Тодоровска „Од раѓање до живот“

За авторот: Паноптикум деск



За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.
ДО СИТЕ НОВИ АКТУЕЛНОСТИ ВО „ШТО ИМА НОВО?“