Он ми вели дека скоро
ќе се случи нешто што
никој не го помислува
но јас не му верувам.
Он ми вели дека брзо
ќе е нешто ненадејно
како некакви соништа
еден по еден по друг
еден во еден во друг
по сурова стварност
но јас ем не му верувам
ем му се смеам в лице.
Он ми вели дека има
нешто како предзнак
нешто како почеток
на нов буден свет
во кој почнува живот
безгласен безидеен
безличен безначаен
бесмислен
и во кој секој ќе мисли
дека треба да се мисли
само на смислено
за обмислување
но јас му викам доста
од тебе предвеснику.
ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Новота, стихозбирка, 61




