berlusconi, merkel, obama, chavez, Берлускони, Меркел, Обама, Чавез
Потребно време за читање: 4 минути

Политичарите биле вчера и се денес најпознатите личности во светот? Најнапред, големо прашање е дали е можна мерливост на „најпознатоста”, односно според кој критериум се правело или би се правело рангирањето, а потоа колку трае и од што зависи нејзината форма и содржина. Притоа, под форма се подразбира појавноста, јавното појавување и однесување, реакции во стандардни-„политички” ситуации и во нестандардни-лични и колективни, а кои немаат директна врска со политичката активност и дејствување.

Во последно време се бележат и забележуваат нестандардни ситуации и однесувања на водечки европски и светски политичари кои многу повеќе ги откриваат како обични луѓе, дури и не баш блиски до светскиот џет сет. Како да се обидуваат да урнат некои одамна затврдени претстави за нив. На пример дека водат нормален, слободен живот, но и неретко им стануваат неподносливи правилата на протоколот. А најмногу се трудат да бидат прифатени, сакани, дури омилени како „обичниот” народ.

Еве нешто за Меркел, Берлускони, Обама и Чавез:

-Германската канцеларка Ангела Меркел е омилена личност кај Британците, Германците, Италијанците и Шпанците.

Според испитувањето на „Opinion Way”, што го објави францускиот дневен весник „Le Figaro”, 65% од испитаниците имале добро мислење за Меркел, а 51% за Саркози. Ги следат британскиот премиер Гордон Браун и претседателот на шпанската влада Хозе Луис Запатеро со по 45% од гласовите, а на крајот со 25% е шефот на италијанската влада Силвио Берлускони.

На прашањето за влијанието на 5- темина водечки личности на европско ниво, францускиот претседател и германската канцеларка добија изедначени 72% од гласовите на испитаните, Браун 56%, Берлускони 45% и Запатеро 38%.

Прочитај и за ... >>  Разлики помеѓу мажите и жените

Испитувањето е изведено помеѓу 26- ти и 30- ти април врз репрезентативен примерок од 4.040 лица подеднакво Британци, Германци, Шпанци и Италијанци, по пат на on line системот CAW (Computer assisted web interview);

-Еден локален весник во северозападна Пенсилванија се извини зашто објави оглас со кој имплицитно се повикува на убиство на претседателот Барак Обама.

„The Warren Times Observer”, кој има тираж од 11.000 примероци, го објави спорниот оглас во четвртокот и го повлече штом спорната содржина ја открил еден од управителите, изјавил издавачот Џон Елкерт.

„Нека Обама тргне по патот по кој тргнаа Линколн, Гарфилд, МекКинли и Кенеди”, пишувало во огласот.

Елкерт рекол дека лицето кое го презело огласот очигледно не сфатило дека се работи за претседателите кои станаа жртви на атентат- Абрахам Линколн, Џејмс Гарфилд, Вилјем МекКинли и Џон Ф. Кенеди. Тој не открил кој го дал огласот, но рекол дека случајот и е предаден на полицијата, а потоа на тајната служба. Портпаролот на службата, Џим Мекин, рекол дека е откриен авторот на огласот и оти на целата работа и се пристапува мошне сериозно зашто таа не може да си допушти шега;

-Венецуелскиот претседател Хуго Чавез, кој од чевртокот на државната телевизија го реализира рекордното обраќање на нацијата кое ќе трае до недела (31.05.2009.), рекол дека смислил нов подарок за американскиот колега Барак Обама: следната книга што ќе му ја подари ќе биде делото на Ленин од 1902- ра година под наслов „Што да се прави?” (во оригинал „Что делат?).

Чавез најавил дека книгата ќе му ја врачи при нивната идна средба, веројатно во надеж дека и таа ќе стане бестселер како онаа што му ја подари во април. Тогаш Чавез на Обама му подари примерок од книгата „Отворени вени на Латинска Америка: Пет века грабеж на континентот”, на уругвајскиот писател Едуардо Галеан, која потоа на страницата Amazon.com стана втора најпродавана книга.

Прочитај и за ... >>  Секојдневјето

Лениновото дело напишано во 1902- ра година се занимава со улогата на интелектуалците и пролетаријатот во остварувањето на револуцијата;

-Италијанскиот премиер Силвио Берлускони се чини дека се најде среде вистински секс скандал кој додатно го влоши со своите интервенции и лаги. Имено, обвинители од Рим наредија да запленат стотина папарацо фотографии кои докажуваат дека премиерот се дружел со младата убавица Ноеми Летиција, а неодамна се појави на прославата на нејзиниот 18- ти роденден, по што сопругата на Берлускони поднесе барање за развод.

Спорните фогографии ја прикажуваат прославата на Нова година во друштво со Ноеми, како и одмор на Сардинија во вилата „Цертоса” во друштво на анонимни топлес убавици. Прикажуваат и забава во истата вила која Берлускони во мај 2008- та ја приредил за тогашниот чешки премиер Мирек Тополанек.

Берлускони издејствувал заплена на фотографиите зашто во своето барање до надлежното тело навел дека се работи за „апсолутно интимни, но легални дејствија, без никаква важност за јавноста”. Фотографот Антонело Западу, кој сликите му ги понудил на весникот на Берлускони „Панорама” за милион ипол евра, истражителите, пак, го испитувале поради нарушување на приватноста и измама, пренесе „Анса”.

Меѓутоа, се чини дека ниту заплената на сликите нема да му помогне на 72- годишниот Берлускони да се извлече од овој скандал. Италијанскиот весник „L’Espresso” објави текст под наслов „Харемот на Берлускони” со детали од прославата во вилата на премиерот во 2007- ма година, кога Il Cavaliere таму довел дури 50 убавици! Во текстот се наведува дека забавата завршила со спектакуларен огномет, а на неа присуствувале „најмоќните и најбогатите луѓе во Италија”. Младата Ноеми тогаш се уште не го запознала Берлускони.

Прочитај и за ... >>  Пајаковите нишки како хируршки конец

А скандалот почна со заминувањето на Берлускони на роденденската забава на Ноеми Летиција, која како подарок од премиерот добила околу 7.000 евра вреден дијамантски гердан, по што неговата сопруга поднесе барање за развод. Кога подоцна го прашале од каде ја познава убавицата, Берлускони рекол дека нејзиниот татко му бил возач на поранешниот премиер Кракси. Но децата на Кракси им се обрнаа на медиумите и рекоа дека за тој возач никогаш не чуле, па Берлускони е фатен во првата лага. Потоа рекол дека девојката ја гледал само во присуство на нејзините родители, што исто така не е вистина.

Британскиот „Daily Mail” во опширен напис го нарече Берлускони „кум на сите лигавеци”. Италијанскиот весник „Repubblica” веќе со денови на своите страници држи 10 отворени прашања упатени на премиерот, меѓу кои и наводните обвиненија на неговата наскоро поранешна сопруга дека сака да се гледа со малолетнички. Некои медиуми наведуваат дека и младата 18- годишна Ноеми има на своето име впишано 16 недвижнини.

Се чини дека е по малку вистинита шегата на Роберто Бењини- дека Берлускони „во животот имал 20 жени, но само две биле негови сопствени”.