Секогаш повеќе има
за да нема додека има
последен извор во кој
согласни небо и земја
се огледуваат
а не се препознаваат
сами
а не се препознаваат
меѓусебно.
Никогаш повеќе нема
да се случи говор еден
во немост на сите
без никакви знаци
кој ќе поучува како
да се стаса низ беспаќе
до изгрев на сонце
во исто време
со разоглавена страст.
ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Новота, стихозбирка, 69




