Пациент и чудовиште

Виц-блиц

Пациент кај психијатар.

-Докторе, секоја ноќ имам ужасен сон. Постојано ја сонувам мојата тешта како на синџир води некое необично, одвратно чудовиште.

-Хммм, интересен симбол, продолжете.

-Да, замислете го тоа одвратно исклештено лице, закрвавени очи, пена на устата…

-Навистина звучи ужасно!

-Не е тоа ништо, чекајте да ви го опишам чудовиштето!

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.