Потребно време за читање: < 1 минута

76. Мисла за опстанок

Нема кој да му каже
дали мислата за опстанок
негов и на светот во кој е
му е дамна последна
та затоа толку длабоко
ја закопа ја вкорени
пред него ни на чекор.

Додека ја закопуваше
што да не може никој
по него
да ја откопа да ја открие
како трага на човек
последен во огон
на негов опстанок
сè додека пустошијава
одново не заживее
се прашуваше во себе
како е можно светот
сè уште жив да дозволи
да се подели толку реско
на голема пустошна
и мала плодородна
половина.  

Мислата за опстанок
без зборови искажана
од него замолчена
одмолчена закопана
вкоренета пред него
ни на чекор
е за почеток на беспатје.

ОГОН ВО ПУСТОШИЈА, Самислувања, поетска студија, 76