ОГОН ВО ПУСТОШИЈА, Луѓе, поетска студија, 18

Потребно време за читање: < 1 минута

18. Народ

Бил е народ во оваа
огнена пустошија
собран
меѓу небо и земја
некогаш негови
без траги ништени
но пак негови
со сонце и месечина
и со ѕвезди
за светлина од сите
кон сите страни
во оваа јадна страдна
огнена пустошија
со последна надеж
дека нов живот
ќе заживеат за денес
исто како за утре
без скитник напред
поразеник во пранги
без оние скитници
некогаш предводници
ослепени онемени
безгласни слуги
одамна изродени
бил е народ да биде
во согласје сплотен
со спокој на природа
во која допрва треба
он сам да заигра
игра на свои срца
меѓу живот и смрт
со ред од Господа
меѓу небо и земја.