Кој незреан незреан
он кога зреан
недозреан, а презреан
за по којзнае кога пак
незреан.
Каде зреан за до каде
зреан и презреан.
Некој со секој незреан
во зреано време денови
во недозреани години.
Има незреан којзнае
каде твое негде
нигде од нечие.
Белки зрее.
КАМЕНО НЕБО, Смисла, апстрактна поезија, 40