НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

386. Далечина

Не ми се гледа несовладлива
далечинава до ново будење.

387. Збор

Имам мој збор
со мое значење.

388. Пред слика

На сликава си ти
замислена убавино.

389. Прашање

Молчиме ли
надежно ние?

390. Особености

Особености разнебитуваат
безогледни страшливци.

Leave the first comment