НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

376. Твојот пат

Твојот пат единствен.
Со ничиј не се вкрстува.

377. Безмерна мрачнина

Во безмерна мрачнина
како во пајажинена мачнина.

378. Како вруток

Овој вруток недоречен
на песна немо испеана.

379. На нозе

Сѐ уште на нозе човек
во нечовечка пустелија.

380. Љубов шепотна

Нашава ноќ страсна,
спокојна и надежна.

Leave the first comment