НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

366. Во состојба

Во состојба сум некое време
да сум и со знајни и со незнајни.

367. Доследен

Што било од мене за тебе
е за пак да биде некогаш.

368.  Длабина

Мрачна е длабинава.
Како да е од заборав.

369. На хоризонтон   

На хоризонтон ние
немерливо далечни.

370. Лад

Наеднаш лад квечерен
обвива срце игриво.

Leave the first comment