231. Во разгор
Во разгор на безначајности
тој не се помрднува од место.
232. Зазбивтан
Еве ме конечно на целта
немошен да догледам друга.
233. Молкнат
Прв, а молкнат
совреме од времени.
234. Дими
Нешто дими во далечина.
Гори или скоро ќе пламне?
235. В лице
Му кажаа в лице дека веќе
ни безлични не можат со него.