306. Меѓу луѓе
Луѓе со мене и околу мене
во мрачнина до виделина.
307. Сонот
Сонот и стварноста мигум се
испреплетиле во една надеж.
308. Име
Името ми е од предок
за мое време со потомок.
309. Радување
Неизмерно се радувам оти
пред мене се раѓа природата.
310. Минливост
Ќе те нема зашто нема
ништо за нас од тебе.