141. Мои луѓе
Мои луѓе стамени
пеат, се смеат и жалат.
142. Во црнина
Во црнина една жена
одамна не е жива.
143. Заживување
Бликна бистра вода
во пуста земја.
144. Досег
Напред има за досег,
а и назад, а и назад.
145. Желно
Желна ми е снагава
за спокојни убавини.