50. Стројна става
Ваква стројна става
сал природа може
да изваја;
како жива да е,
како во сон да е,
збор за неа немам.
На сонце е, крај море,
во песна на бранови
пенливи, страсни.
Доволно ми е тоа
што сум со неа
и не сум сам.
Таа ниту ме гледа,
ниту ме чувствува,
ниту сум нејзина
сенка,
ниту сум ѝ близу,
ниту далеку.
Одвреме-навреме
само сонцето
толку ме заслепува,
што ми исчезнува
и не ја слушам
ни во песната
на брановите
пенливи, страсни.