39. Навек
Има навек исто
ко да нема навек.
Па што ако има?
Па што и да нема?
Живеачка долга,
сал во дела всадена
со достојание
може, твое, наше,
може нечие и сечие.
Дребности фрлени
во бездна пустинска
од дребнав, а знаен
меѓу непостојаност
и суштествување.
За мене ништо не е
оти не било нешто
негде
како минлив говор
познат, слушнат,
никогаш дослушан
во морна тишина;
или како смирение
на срце мигум
во лет распламтено,
па недостижно
дека навек ќе биде
со трага што крвави.