32. Празнини и суши
Големи, пространи,
непрегледни, длабоки
празнини и суши
по прв чекор на живот
вчерашен
до негов последен
утрешен;
неповторлив, своевиден,
а ни заживеан,
а ни преживеан со трага.
На високо сонце,
на празно небо,
на мисла што крика,
на снага бессемена:
столб мраморен
исправен, извишен
од незнајна урнатина,
од бедем пред
безумно страдание.
Празнини и суши
во суви коски
и во крв огнена
на воин
заробен во заборав
беспреболен.