НЕИСПЕАНИ И НЕДОПЕАНИ ПЕСНИ, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

24. Ништење

Иде од најдлабоки корени,
од штотуку зажилување,
едновремено;
без оглед на созревањето
и на созреаноста
на стеблото, лисјето,
плодовите.

Ништењето го почнува
некое ветриште надојдено
од негде како од нигде,
па го продолжува
ненадејно облачиште,
за најсетне да го засили
и докрај да го пеплоса
огнено темничиште.

Така секое, особено така
ова ништење на семе
со древно минато,
со стамена сегашност,
до пред знајна иднина,
едновремено;
со знаци, говор и писмо
непорекливи.

Ништење беспримерно,
ништење незапирно,
ништење непрестано,
ништење безогледно.

Leave the first comment