20. Мигови на опстанок
неизвесен
Миг ненадминлив:
да го пречекорам прагов
на жизнен опстанок?
А што потоа и како јас?
Миг несовладлив:
да префрлам корени
длабоки, вековити
на нов мој небосклон?
Пак ли вкоренување
и долго извишување?
Миг бескраен:
да приберам во мисла
зборови стамени,
зборови знајни,
зборови незнајни,
зборови дамнешни
и зборови утрешни,
со кои конечно
во игра ќе испеам
песна неиспеана
и недопеана?
Можно ли е
некогаш до негде
во самотна, докрајна
постојаност?