Ако во зимските денови немате секс колку што сакате, знајте дека тоа и не е така лошо. За да сочуваат што повеќе калории кога имало најмалку храна, нашите предци во текот на зимата развиле состојба на хибернација, или просто речено-штедење. А во него го „пресметале“ и сексот.
Меѓутоа, денес имаме доволно храна, па треба само да го победиме дарвинизмот во креветот. Еве како:
Имитирајте лето
Трикот е во тоа да го измамите телото да помисли дека е сѐ уште лето. Инвестирајте во лампа или штедлива сијалица со сина светлина, зашто во студијата објавена во Journal of Clinical Endocrinology and Metabolism откриле дека сината светлина го ресетира циркадијалниот ритам на телото да помисли дека е надвор прекрасен сончев ден.
Циркадијалниот ритам е биолошки дневен ритам на кој е навикнато нашето тело и во мозокот го регулира производството на хормони, дејствува врз срцето, црниот дроб, желудникот и другите органи, а го поддржува и правилното функционирање на целиот организам.
Уште поедноставен метод е да ја даунлодувате BluWave апликацијата на својот iPhone и да се опуштите како на плажа, советува магазинот Mens Health.
Избегнувајте алкохол
Во студијата објавена во American Journal of Physiology е утврдено дека алкохолот влијае врз телесниот часовник и додатно го намалува нивото на енергија, а тоа ви треба најмалку во ситуација кога веќе паѓате во својот зимски сон.
Наместо пијалок, научниците препорачуваат да изедете риба, бело месо, зашто овие продукти се богати со серотонин кој е зиме на најниско ниво.
Намалете ги килограмите
Во периодот на слави и празници мажите добиваат најмалку 2 кг повеќе, особено оти е зима и потребите од храна се поголеми. Истражувањето на Универзитетот Дјук докажале дека на мажите им се намалува либидото со зголемувањето на телесната тежина.
Затоа водете сметка, барем намалете го внесувањето на слатки и немојте со нивна помош да ја кревате енергијата, зашто истражувањата покажуваат оти токму слатките моментно го соборуваат нивото на тестостеронот, што воопшто не ви оди во корист.