НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, 705-749

Потребно време за читање: 3 минути

705. Зошто до толку се извалка, та да не можеш да се исчистиш дур` си жив?!

706. Ај нека је било шо било, ама појќе да не биди.

707. Мораш да имаш на ум оти многу од утрешо зависи од твојто денес.

708. Треба да си знајте оти народо одамна ве знај ко ненародни.

709. Сè стокмија ко шо намислија, ама не ни је верно и не прифаќаме оти ни је дојден крајо. Пусто надеање.

710. Лигуш и измеќар на власт:
Трај си, свиркај си и прај си ко шо ти се наредуа. Они нека навалуаат на ветерници.

711. Мафијата на власт и нејните стратешки партнери си праат сè за себе денес за утре. Партнерски и стратешки.

712. Слепи водачи вардат народо да не прогледа, та да се крени на нозе.

713. Ним око не им трепнуа, а вие замижуате на од ними готоа работа.

714. Уште не си ги замрзнаа цените стоките во северџганскио парламент?!

715. Од сите страни на Северџганска калакурница надоаѓа реа шо го труе народо.

716. На сè појќемина ич не им је гајле за ништо.

717. Тотална немоќ пред мафија на власт во Северџганска калакурница?! Да, сè дури народо силум не ја развласти.

718.-Ако ви је скапо, не купуајте.
-Па шо да јајме?
-Сиромав народ со крадачи на власт јади леб и сол.

719. Од калакурница не бидуа асолна држава.

720. Богами, на апашиштава никој од светскине апашишта не им је рамен.

721. Патриотска порака:
Не купуајте странско штом не мојте да купуате домашно.

722. -А бе, ти жив си али умрен?
-Па како да речам…Жив сум, ама умрен.

723. Земаш здраво за готово, а здравото уште не је готово!

724. Секоја мафија, поготово властодржачка, почнува да се ништи најпрвин јадејќи се сама однатре ко `рѓа железото.

725. Шо?! Зар не знајте али не веруате оти нè трујат со увезена храна? Па, купуајте ја и жалете се оти је ептен скапа.

726. На сон те имам оти на јаве те немам.

727, Пред одлучуање:
Да прајте али да ви праат?

728. Ви вели стар бел дедо:
Ако ги остајте сами да се удаат во матната, има да се изначекате. А можи и да не дочекате.

729. Со сакање е сè полесно и поубоо.

730. Не можи мафија на власт да се бори против мафија. То је исто како сама да си го копа гробо.

731. Не ќе је на арно то шо ја сакам со тебе, а ти можиш без мене.

732. Млад си дури можиш колку шо сакаш, а стар откога ќе сакаш колку шо можиш.

733. За него се вели оти је мудар зато шо совреме согледуа, кажуа, докажуа и предупредуа.

734. Чоечкио ум је чоечки.

735. Најпојќе давајгазовци на власт и со власт.

736. Луѓето ги расипуа алчноста до толку, шо ни родо ни породо не им значи ништо.

737. Зрели и стари, учете ги децата колку је мачно, та дури неможно да се расти и да се зреј без зрели и стари.

738. Љубима, ти не си со мене бидејќи не знам кај си.

739. На оние шо нит` чуле, нит` разбрале за тебе исто им је дали ко чоек си жив али мртов.

740. Саде еден скитник гладен и жеден се прости со него пред одење во неврат.

741. Ич не ти вреди сето богаство шо си го стекнал со лажење, крадење, мамење и предавство на народо.

742. Види се кај шо си и докажи се од кај си.

743. Минато во сегашнина како траење.

744. Само народо можи да ви го најди крајо. Никој друг.

745. Ечат зурли, тапани, гајди и кавали, ама веќе нема кој да го поведе орото.

746. Си ја кажуаш маката, а не се надеаш оти ќе се најди некој да ти ја олесни.

747. Ни идат белосветски мативоди и ги учат натурениве властодршци како да пливаат во матна.

748. Тој ни је даден од Господа. Докажан како чесна и достоинствена мислечка и творечка личност.

749. А шо ви треба да го познаате и препознаате дребнавио старец кој живурка, мисли и создава големи дела?!