770-1.000

Народски изреки VIII

770. Остааш трага зад тебе шо води до твојте борби за живот во живото.

771. Се ближам сѐ побрго до крајо без ново почнуање.

772. Си напрајл шо си напрајл и си создал шо си создал за некои да те паметат дур` се живи.

773. Ме прашуаш како је, а ја не знам шо је.

774. Белки не је залудно сѐ шо било. Белки има и нешто шо сал од тебе зависело.

775. Незамисливо големо ти је делото, нема ниедно толку големо на свето, а денес ти си настрана од сѐ. Од утре сѐ поблизу до некој во ништо.

776. Каде бевте кога ми требавте насушно?

777. Повлечи се кога почнуаш да пречиш.

778. До кај си дошол, дотаму си.

779. Добро је да има појќе отколку шо имаш.

780. Ни со тебе не бидуа чим прајш исто ко шо се праело пред тебе.

781. Нема појака љубов од онаа за која немаш зборој.

782. Народо зрел, а оние шо би сакале пак да владеат со него дибидус зелени.

783. Од тебе многу, а малу.

784. Белки ќе бидиме макар уште еднаш за да ти се докажам.

785. Утрешо ни је денес сѐ дур` сме какви шо се знајме.

786. Никого не знам толку, колку шо се знам себеси откога сум.

787. Наивно и будалесто се прајш наудрен.

788. Слушај, глеј и читај, ако нејќеш да те пренесат жеден преку бистра река.

789. Не теши се со то оти има бетер. Брго ќе го нема за тебе.

790. Имаме шо да си кажиме оти ништо меѓу нас не криеме.

791. Во спокојна тишина збираш сила за надвор од неа.

792. Се збогуам со тебе во жал оти не се видовме за последен пат.

793. Шо и да речиш, остануа недоречено.

794. Никако не секому сешто за никому ништо.

795. И бавното и брзото одење во неврат је мигновено.

796. Лицемерно је да се велича чоек откога ќе умри, а не го ни познаале дур` бил жив.

797. Најдлабока љубов на две чисти души.

798. Он живеј оти знаел и знај да живеј.

799. Чоека го менуаат годињето, ама не можат чоечкото во него.

800. Дрдори оти нема шо да доуми.

801. Најубоо е новото и старото да се во рамновесие.

802. Исто је тешко да си сам и да си забораен од оној со кого си бил долго заедно.

803. Ем сè побрго мини нашето време без нас, ем заостануаме али застануаме зад него.

804. Не ни било пишано да биди по наше? Не, туку ние не пишавме.

805. Мислиш дека ќе можиш дури можиш, а не ти иди во умо оти веќе не можиш.

806. Си создал и напрајл многу ко ништо.

807. А бре смешни сте со божем ново, а је смислено и напраено уште од пред да се родите.

808. Барем да си го доречиме и речиме она шо ќути длабоко во нас.

809. Не било, нито ќе биди оти било дамна.

810. За тебе је старото ново зато шо ни си чул ни си научил за него.

811. Пробуаме да се вратиме кога бевме, а нигде нè нема.

812. Саде ни се чини оти со спомени сме го сопреле времето.

813. Без љубов-без живот.

814. Чоек со самосвест је секоаш испраен.

815.  Уште малу и толку.

816. Кон нигде голи ем боси.

817. Ме радуа оти има некој шо мисли на мене.

818. Крајо ми је чим ме нема.

819. Не нè бидуа за нас, та зато нè токмат по нивно.

820. Времево ич не је за здравје, а илач веќе не помага.

821. Пропаѓаме оти секој си прај колку шо не знај.

822. Не ги држеше сите конци в раце, па ти се замрсија.

823. Се збрале помрачени и заробени умој за да го распаметуаат народо.

824. Бавно заживуаме али брго умираме?

825. Џабе пробуаш во сè криво да си прав и меѓу криви да се испрајш.

826. Појќе не сте ни за слушајње, а камо ли за послушуајње. Саде глупости од вас.

827. Биди умен. Скраја од безумни.

828. Блазе си им шо испокрадоа миљони народни пари, а ни влакно не им фали на глајте.

829. Жалиш љубов остаена жива ко умрена.

830. Не зависиш од пари саде кога ги немаш.

831. Се лажите ако мислите оти уште не можиме без вас. Кои сте вие?!

832. Не појќе за помалце.

833. Еден чоек стои настрана од сите нас зато шо не сме му рамни.

834. Ич не му сечи умо, па пред ними коленичи.

835. На своја врвица и ни лево ни десно. Саде напред.

836. Нека биди шо треба, па макар без мене нито шо било за мене.

837. Не оди на добро чим тешко се попраа лошо.

838. Малу сме, сите се знајме и знајме кој шо можи. А можат ем сакаат сѐ помалце.

839. Народо не простуа. Поготово не предавство и голем арамилак.

840. Му мина времето на чоеко и он умре забораен од сите.

841. Било многу дамна, а је неповторливо.

842. Не фати корен, та фати пустина.

843. Мативоди пливаат во матни води.

844. Се умислил оти је властодржец, та се осилил.

845. Разболуачка пустота во чоек остаен од љубов.

846. Те видов, убајно моја, и то ми је доста.

847. Излезе лажга оти ќе биди по ново. Сѐ је по старо и забрзано се разнебитуа.

848. Си постајл темел, ама немаш сили на него да соградиш домашно огниште.

849. Арамии на власт за непречен арамилак.

Прочитај и за ... >>  СТИХУВАНИ БЕСЕДИ, стихозбирка

850. Со безлични потешко одошто со лица под маски.

851. Не арчи зборој за замолчуање.

МОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА РАБОТАТА

852. Сврши ја работата така шо да биди свршена.

853. Не је арен комшија кого го чекаш да ти поможи во работата.

854. Не пречи во работа шо не је твоја.

855. Неарна ти је работата од која сакаш брго да куртулиш.

856. Испати од работа без пари.

857. Цел живот се отепуаше од секаква работа, а не спечали ништо.

858. Совреме вати ја работата и ќе биди ко да се свршила сама.

859. Кој си ја гледа работата, и она ќе го гледа него.

860. Труди се, мачи, саде работа не губи.

861. Безработнио и со ѓаоло је другар.

862. Не ја брзај работата, ако сакаш да се сврши ко шо треба.

863. Ниедна работа сама не се сработуа. А не се остаа ни друг да ја сработи.

864. Те мрзи да работиш, па тераш друзи да работат за тебе.

865. Безработнио го тера работнио да играат секакви играчки.

866. Денеска сети се на работата шо не си ја свршил вчера.

867. Не ти чини работата од која не знајш шо ќе излези.

868. Работи ги работите една по една. Нема работи кои се работаат сите наеднаш.

869. Ја мразиш работата дека те мрзи да ја работиш.

870. Ја милуаш работата и таа те милуа тебе.

871. Старите не можат да работаат ко младите прибидејќи ја немаат нивната сила.

872. Имаш шо да јадиш оти има шо да работиш.

873. Совреме сработуај важно, па несетно совреме ќе сработиш и неважно.

874. Биди секоаш спремен за работите кои зависат од времето.

875. Блазе му на оној кому и најтешката работа му је лесна. Оти ја научил со ништо да не можи да го начека неспремен.

876. Учени остаени без работа од неуки.

877. Обично најтешка је работата пред свршуајње.

878. Работиш до истоштуајње за бар малце да ја опрајш мачната живеачка.

879. Ни љубов не трпи љубов шо нејќе да работи.

880. На крајо секоја работа се исплатуа и наплатуа.

881. Не работи нешто од шо никој нема никаков ќар, а сите се во зијан.

882. Магарето го тоарат со секакви тоари оти је саде за тоарање.

883. Од работа никој не оболел.

884. Работиш за да живејш ко чоек, а не да живуркаш ко нежив за сите.

885. Се качуаш на скалата на живото мачно оти ти је мачна работата.

886. Во глад ти свршуа дено оти си работел залудно.

887. Нечоек си ако работиш али не работиш за нечоек.

888. Работиш и не мислиш заошто ти је сѐ ко шо не треба да биди.

889. Мачна работа је да го чистиш твојо пат од трње, шилести камења и лути треви.

890. Ти чини сработеното оти си го работел со сакајње.

891. Ти фали време за работа шо ти лежи.

892. Почни ја работата и продолжуај ја дур` не ја дотераш до крајо.

893. Радуј се, чоеку, кога имаш работа шо сосем те исполнуа.

894. Лујѓе кои работат ко мравките имаат и за убај и за лоши деној.

895. Не почнуај работа која не знајш колкаа је, за шо је и до кога ќе биди.

896. Работиш цел живот за да бидиш чоек до умирачка.

897. Меѓу редој за однапред и одназад.

898. Добро је првин за тебе да има некој шо је со тебе.

899. Давам не за да ми се дај, ами оти не је за мене.

900. Крши глаа, слуго туѓинска и подлизурко.

901. Сѐ си је потамам ако има за сите.

902. Ако си признајш, ќе признајш.

903. Извалкани валкаат оти не знаат за чисто.

904. За горе си али за долу зато шо си предолго во средината.

905. Се препрааш криејќи нешто лошо сторено али се криеш со намисла допрва да сториш.

906. Добар си им на лујѓето со тебе дур’ си им од корист. Те праат наивен и будала оти за тебе они се добри ко добри.

907. Од шо многу се љубат, ништо не им је доста заедно.

908. Не сум чоек со кого секој можи како сака и умеј.

909. Си ја греј душата со споделуање добра.

910. Можи некој збор не наместо, ама не смеј ниедно дело не совреме.

911. Ако знајш шо сакаш, али ќе си го најдиш али ќе си го напрајш.

912. Доцна, та предоцна за него. Умре завалијата.

913. Со сакајње да се докажуаме оти сме лујѓе.

914. Она шо не ми треба, нека го земи оној кому му треба.

915. Не бегај, туку бори се за тебе и за оние по тебе.

916. Не напаѓај со навредуање. Не му давај на простаклако во тебе да те изложуа на подбишега.

917. Ја помагајте му да созреј, ја не му дозволуајте ко зелен да ве срамоти.

918. Помогнете да умри шо побрго она шо не можи да преживеј.

919. Политички дунстери на сцена, а политички итроманци зад кулиси.

920. Не те бидуа, ама ќе те биди? Како да не!

921. Ништо со тебе, нито од тебе чим трпиш и трајш.

922. Ај шо нему не му фајќа лејката, ама кај се најдоа толкумина со лејки ко негоата?!

923. Без тебе, љубов, ни со себе.

924. Ја да ви кажам шо мислам и како мислам, а вие после мислете му ја.

925. Ти обогатен прекуноќ му солиш ум на чоек во жива сиромашија.

926. Ги браниш својте оти сам нито знајш, нито умејш да се браниш.

Прочитај и за ... >>  Црна овца

927. Народо плајќа да владеат со него празноглај политиканти!

928. Ем је тешко ем отежнуаш, ама никако да отстапиш.

929. Прави СДС-овци, спасуајте се од будалиштата кои ви се качиле на глајте, предводени од најголемио меѓу нив. Прогласете си ја партијата за мртва. И онака веќе је.

930. Нит’ се чуло, нит’ се видело да се соберат толку многу политикантски токмаци во една партија.

931. Народ гледа, се чуди и се крсти кај се нашле и собрале толку многу неарни во умо.

932. Ве знам кои сте и какви сте, та зато со мене не сте.

933. Сè помалце убај деној за нас. Кој како ни дојди, брго ни го расипуаат.

934. Старејш и се чудиш оти не здравејш.

935. Па собрал шуто и рогато, надеајќи се оти па ќе му биди натурен на народо.

936. На ептен јака дрога је чим не знај ни шо збори ни шо прај.

937. Веќе не се бројат оние шо низ живото врват ко сенки.

938. Ем ви се качиле на глајте ем ги плајќате за то.

939. Како можи да се сакате, а да не се трпите?!

940. Љубов имаш, а љубовта нигде ти ја нема.

941. Чоек на стари години је најдобро да почнуа нешто шо со него ќе заврши.

942. Го исуши тагуање откога је сам на свето.

943. Никому да не му се предааш во живото. Живејш ако живејш слободно.

944. Ако сме биле заедно, можиме да бидиме пак.

МОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА МИРОТ

945. Миро је секоаш со правината и благодатта.

946. Чим нема мир, на ништо арно да не се надеаш.

947. Во мир гајлиња малу и мали.

948. Ако је немир, треба сè да се прај за мир.

949. Кога делиш, дели како је право за мир.

950. Нема сосила мир во фамилија во која секој влечи на своја страна.

951. Глаата ќе ти је мирна кога тераш правина.

952. Миро на срцето је најголем кога је то во љубов.

953. Мирна добра, блага и широка душа.

954. Смирни лујѓе ништо не праат за наштетуање другему.

955. Мир во слобода, мир за слобода.

956. За болен прво мир, па после иљач.

957. Ми треба тишина за мир.

958. Нема догоор за мир, ами за разбирачка, споделуање и сопатништво.

959. Збори мирно за да те дослушам.

960. Ја не познаам мудрец во немир али за немир.

961. Блазе си им на оние шо живеат во мир. Они ем знаат ем учат, ем умеат ем можат.

962. Мир со вас, лујѓе божји. Ако сте лујѓе.

963. Има за чоеко надворешен мир кој е со него и внатрешен мир во него. Надворешнио му је за да не биди сам, а внатрешнио за да се надминуа себеси. Кога се они во рамновесие, има разбирачка за сè.

964. Немирен дух твори во тишина и мир.

965. Ако је водата разбранета, не можиш да се огледаш на нејната поврвнина ко шо си.

966. Во тебе мир на досегнати височини, во тебе и немир на недосегнати.

967. Брани го мирот по секоја цена за да бидиш свој во него.

968. Колку појќе желби големи и мали, толку помалу мир и удоволствие.

969. Мирно срце неплашливо.

970. Мојо мир за сите на кои им е требен.

971. Во мир со сиот свет оти миро ти је светост.

972. Од кај ми иди миро? Он је секоаш во мене.

973. Да се живеј и да се умри во мир.

974. Избираш со мир да им се спротивставуаш на злото и јадоста.

975. Од стресој многу болештини. Сè до неизлечива.

976. Во мир можи да се напрај многу, а во немир сè да се расипи.

977. Мирно ми је срцето ко ќе го слушнам мирно нејното.

978. Конечно си нашол мир? Одлично. Сега брани го.

979. Грижата нито дава, нито подаруа мир. Напротив, него го ништи дур`не го збрише.

980. Во радоста мир шо трае.

981. Ти нејќеш мир чим грабаш од туѓо минато.

982. Мир и спокој со лујѓе со ведри лица, добриње, јасни мисли и добродетели.

983. Даруаш секому мир и спокој, та секој сака да биди со тебе.

984. За мир секоаш. Не вреди привремен.

985. Не се повторуа знајна грешка.

986. Со вас никоаш појќе оти сте за нигде.

987. Како можи здраворазумски лујѓе да зборат и праат немерливи глупавштини?

988. Скоро народо ќе ве дигни на клоци.

989. Елано им је ист и на стари и на млади. Проблемо је шо не трај исто.

990. Ќе му биди џабе на последнио шо ќе преживеј, ако нема кому да му раскажуа.

991. Да бидиме умни ем разумни во времево кое не се знај какво време ќе ни донеси.

992. Ако сме искрени, ќе се гледаме право в очи дури си ги кажуаме нашите вистини.

993. Денес сѐ за денес и утре.

994. Не слушам, нито есапам критикуање на незналец и некадарник.

995. Оти им обрнуате внимание кое ни со мисла ни со збор, а ни со дело не го заслужуаат?

996. Бидуа љубов која не таи оти је.

997. Ни фали, но веќе го нема.

998. Не зборам за мене, ами за она шо сум го создал и го создаам. А ти поарно не слушај чим не ти се слуша.

999. Добро је кога је за добро, во добро и со добро.

1.000. Саде мали радости. Ниедна голема.

НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, дума, опит, ука (изреки на „општонароден“ македонски дијалект)

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.