Народски изреки V, 636-786

Потребно време за читање: 7 минути

636. Добар сосед је оној шо је со тебе во лошо и во арно, и те брани од лош.

637. Се ветило, па се заборајло? Можи то, ама не забораа оној кому му се ветило. Поготово ако не му је исполнето.

638. Шо прајме со неверуањето во државата? Сè против оние шо ја стокмија таква за да на е ѝ се веруа.

639. Поможи ако сакаш и можиш. Ако неќиш, фати си го пато.

640. Не за еден сè, ами за сите понешто појќе али помалце.

641. Кога не ми се збори, напросто не зборам.

642. Со љубов и челад дур`је живот.

643. Ја најбогат и со пари и без пари. Со мое дело.

644. Борчој не враќаш, а они те обогатија. Они и ќе те фрлат во сиромашија.

645. Кога чоек ќе остани без никој свој, дур` и живото му се одмилуа.

646. Аманет:
Ви остаам сè шо је од мене. Ако не ви треба, фрлете го.

647. Времето ги расипуа лујѓето зато шо оно не је за ними.

648. Ако не си спремен за борба против нечесните, ти чесно повлечи се и остани си чесен на себеси.

649. Ништо од тебе оти си стар? Тогај глеј си ја староста.

650. Еден је есапо дома, а друг на пазаро. Бидејќум не си научил да си ги пружаш нозете колку шо ти је долга чергата.

651. Исто ти је со мене ко без мене. То значи оти ние не сме едно за друго.

652. Ти да не се страшиш да ги уловиш рибите во матната и да им ги исечиш глајте!?

653. Ако не прајме ништо, тогај да се откажиме од сè.

654. Непрокопсани политиканти му се качиле на глаа на изнамачен, а бескрајно трпелив народ.

655. Одвреме-навреме туку ќе излезиш пред народо, ќе тресниш некоја зелена и жив остануаш.

656. Си вртат миљони украдени од народо, ко да не вредат ни пет пари, а ни влакно не им фали на глајте.

657. Толку го обезвреднија живото, шо многу смрти наеднаш ги сметаат ко да је една.

658. Стар бел дедо те предупредуа оти је крајно време да ги си опулиш очите, а ти саде мижиш и се прајш наудрен.

659. Нека биди сè ко шо треба, па макар и без мене.

660. Не се чуди Мара колку деца има, ами оти не знајт од кого се со несакајње, а од кого со несакајње. .

661. Прајте шо ќе прајте, само да не остаате некој по вас да опраа и допраа.

662. Со љубов и убајни на стари, исто ко на млади години.

663. Некои се утепуаат од чекајње, а некои не ни дочекуаат. Најпојќе од тие некои се сневидуваат.

664. Се искривил прав друм со шо на ум, то на друм.

665. По сè шо ти сторија, ти па чесно и со добриње. Не ти иди памет, и то је.

666. Ти си ми љубовта на животот, а ја не сум ти. Шо прајме?

667. Прво да си со здравје и снага, па после сèдруго ко шо ти је наредено и си го редиш.

668. Без мене и ни абер да пуштиш до мене. Добро, ако ти је така добро.

669. Не речи двапати. Дур` си жив, можи да биди.

670. Треба совреме да го припознајш времето за кое не те бидуа.

671. Трудо и маката се ко брат и сестра.

672. Не превртливоста, ами доследноста вреди во политиката.

673. Ја пишуам, а ти читај кога ќе сакаш и ќе можиш. Твое си је ако ништо не ни прочиташ од мене пишано.

674. Не сакаш ни да се слушниме, камо ли да се сретиме? Бар да знам заошто.

675. Секоаш сум шо сум оти сум еден.

676. Времиња многу, а една љубов најголема.

677. Со мене не можи никој, освен оној шо је.

678. Само не крај во беспатје.

МОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА ЖЕНАТА:

679. Не бива мажо да се мачи, а жената да квачи.

680. Ако пие мажо, з`ш да не пие и жената?

681. Жена за без пари лесно не се најдува.

682. Жената ја крепи куќата и го варди родо.

683. Не се остаа без маж жена млада ем убаа.

684. Убаа жена-радосница. Грда-леле, леле, оф леле.

685. Жена со маж је појака од жена.

686. Не му личи на маж да си ја личошуа жената си.

687. Ако најдиш жена и умна и лична, знај оти Господ ти ја нашол.

688. Со убаа жена и во богаство и во сиромашија.

689. Лошата жена обично иди со огон шо пеплосуа.

690. Бегај од жена шо брбори ко празна воденица.

691. Мажо совреме мора да сознај оти прегалена жена ќе му се качи на глаа.

692. Не ти је грда жената, ако ти је уредна куќата.

693. Жена на коњо, мажо го води коњо.

694. Со добра жена домо полн добриње.

695. Ни жена без маж оди, ни маж без жена се води.

696. Земја кавгаџика најмногу на змија прилега.

697. Нема жена шо не је лична меѓу жени домаќинки.

698. Бркај ја жената шо куќата ти ја растура.

699. На чоека на лице му се гледа колку маки трга со лоша жена.

700. Прокопсана жена за прокопсан маж.

701. Работлива жена никоаш не се уморуа.

702. Се засукала жена и суче ли, суче.

703. Кој прв згреши: Адам али Ева? Прво згрешија обајцата, па после Господ кажа кој бил попрв.

704. Не је краткоумна жена со долга коса, ами со неуредена.

705. Жената му је на мажо помошница, ама и мажо на жената шо си ја сака.

706. Блазе си му на маж со умна и разумна жена. Она живото му го олеснуа.

707. Не се купуа љубов меѓу маж и жена, ами се чува меѓу ними.

708. Мрзлива жена и гола се докажуа оти је облечена.

709. Борчо шо можи да го напрај жена, мажо ни со работа дење-ноќе не можи да го врати.

710. Жена шо је благодарница на мажо, секоаш варди он да је спастрен пред лујѓе.

711. Итри жени-будали мажи.

712. Да пукниш од смеа кога во исто време жени се жалат од мажи, а мажи од жени.

713. Мажите фрлаат пари на убај жени кои се продаваат за пари.

714. Маж шо си бие жената не је маж.

715. Бесчесна жена не је за добра куќа.

716. Убаа жена ко икона не се прикажуа на мнозина.

717. Жената си је арна, а најарна за мажа си.

718. Веруаш оти има верна жена цел живот?!

719. Силата на жената навалуа и на мажо.

720. Шо бараат напред жена, а назад маж? Да не се докажуа кој је газда в куќа?

721. Личотијата на жената не је за фалење, ами умо нејзин.

722. Не чекај да те најади жена која се најадуа пробуајќи ги сите јадења шо ти ги готви. Не је учена за готвачка.

723. Нема поголема беља од беља од жена.

724. Не живеј сиромашија во куќа со жена работница.

725. Мрзлива жена ни косата не си ја чешла.

726. Пијана жена безумница.

727. Жена лесно се припознаа ко лисица.

728. Џабе седи дома жена која не је домаќинка.

729. Можи грда жена да биди лична? Можи сал на изглед.

730. Твојта жена вреди колку за сто? Блазе си ѝ.

731. Кој се страши од убаа жена, нигде не ја догледуа.

732. Трудна жена не је ко шо је кога не је.

733. Ни она знај оти сите жени се негои, ни он знај оти сите мажи се незини.

734. Добра жена за две радости против една тага.

735. Дур` не ја откриеш жената каква је, не веруј каква шо се прикажуа.

736. Исто како мажо, и жената си има тајни кои никој не можи ни да ги домисли.

737. Жената је злато кое се чува ко суво злато.

738. Шо ја прај жената една и едина? Прашај го нејнио маж.

739. Секој маж умеј да се варди од добра жена.

740. Жената је ко сенка која ту ти је далечна, ту пробуа да влези во твојта. Не биди убеден дека ќе потрча по тебе, ако те следи во чекор ко сенка.

741. Да те жали чоек оти си со жена која брго те стареј.

742. Сите му завидуаат оти има жена која ем го слуша ем го заповеда.

743. Зборо на жената минуај го низ сито и решето. Исто и на мажо.

744. Грешно је да се мисли и збори за слаб и јак пол. Поготово ако се има на ум слабоста на јакио спрема слабио која иде од убајната на слабио, и јакоста на слабио спрема јакио која иде од сакањето на јакио.

745. Секоја жена је од убаа поубаа дури има маж крај неа, со неа и секоаш кога ѝ треба.

746. А бе доста кажуаш, покажуаш и докажуаш. Сè се знај. Чисти и бриши!

747. На народ во циркуска држава му је смачено ем смрачено од политичко-политикантски циркузанти.

748. Партија која не знај друго, освен да се бори за власт и крадење пари од народо, не смеј да постои.

749. Пак слушам и гледам пењавења на наречиновинари. А неписмени, а полуписмени, а бојосани со партиски бои.

750. Ако не си за во политика, за никаде не си.

751. Ја не ве прашуам кај се парите украдени од народо, то совреме али по време се открива, ами шо напрајвте со ними.

752. Жално је за љубовта да не знајш ништо. Ни шо је со неа, ни каде је.

753. Не признаам инаква личност, освен мислечка и творечка.

754. Нашето време не мојме да го вратиме, а ова не го разбираме али не му се прилагодуаме.

755. Паднати на дно немаат сили и немаат начин како да се вратат на поврвнината.

756. Не можи да не зависиш од никој и од ништо. Ама можи да бидиш свој на својто.

757. А бре, треба од живи срамој да не му излегуате пред очи на народо. Сè му растуривте, сè му запустивте.

758. Ептен долго чекаш за да дочекаш.

759. Не кревам раце од сè шо зависи сал од мене.

760. Доста беше, народе! Не можиш да се свестиш ако спиеш.

761. Ако сме асолни лујѓе, многу можиме сами.

762. Ич не чини брго да заборааме. Зато ни се повторуаат многу рабоќе.

763. Поарно полесно одошто брго, та пребрго.

764. Ако гориш од љубов, нејзинио огон ќе те согори.

765. Не се можи без скршена пара, ама парата ем те обессилуа ем ти го обезвредуа постоењето.

766. На младите, ама и на старите свето им остануа. Едните да го живеат по нивно, а друзите да го изживеат до кога им је пишано.

767. Ги носи матната оти почна да се бистри.

768. Во политиката влегуаат лигуши, коленичари и дибеци за да се богатат на грбо на народо.

769. А да се напрај партија без членој слепци и измеќари? Можи?

770. Нема цена она шо со ништо не можи да се плати.

771. Му продаа рогој за свеќа, а во ист рог дуваат.

772. Полека, вие шо криво насадуате. Кај брзате? И вие ќе бидите земени на нишан.

773. Многу години без љубов, за нас неповратни.

774. За наша мака небројани апашишта, слуги и платеници на туѓини. Ни да помислиме на достојна живеачка.

775. Гологлај се, а се дамна докажани вртикапи за власт и ќар.

776. Го слушам, па се прашуам зар можи предводник на партија да биди до толку бос ем гол во умо.

777. На народ никој не можи да му продај ветар и магла.

778. Ти си бре жива трагедија, штом те пренесоа жеден преку река дамна пресушена.

779. Не ми иди да ме видиш без бар малу радуање да ми дариш.

780. Секое чудо за три дни? Ја мислам оти веќе нема такво за толку траење.

781. Заборао најмногу се нарануа со годињето.

782. Шо има ја да мислам на љубов шо не је моја?

783. На чиста и жизнена убајна не ѝ треба огледало.

784. -Како си сега?
-Некако и вака-така.

785. Едни крај друзи со време најчесто се престоруаат во едни против друзи.

786. Од историјата учиме за убај и грди докажани нешта.

НАРОДСКИ ИЗРЕКИ V