667. Од никој и ништо не смеј да зависи никој и ништо.
668. Ни срам ни перде од шо расипаа, растурија и испокрадоја. А знаат оти за народо веќе не се ни живи.
669. Се силат растурикуќи зато шо се свесни шо ги чека.
670. Џабе везиш со замрсени конци.
671. Најубоо је и вие да можите со децата и децата да можат со вас.
672. Севда голема:
Нејзе не ѝ је никоаш доста од него. И нему од неа.
673. Валканио образ неќиш ни во огледало да си го видиш.
674. Ти сториле гревој кои просто не се ни за простуање, а камо ли за забораање.
675. Маката со ними је шо не ти го слушаат зборо и кога совреме им збориш.
676. Нема толкај будали ко вас шо да ви поверуаат оти не ви се дало ништо од искраденото од народо.
677. Вашата партија жив мртоец, а вие во неа сеништа.
678. Или жив или мртов. Најнечини да си жив мртоец.
679. На самотнико му је исто од денес до утре и од утре до вчера.
680. Од вас неќам ништо, а вие стално нешто ми барате нудејќи ми.
681. Љубима, ем се лажеш ем те лажат оти не сме биле еден за друг.
682. Многу е тешко ем мачно да работиш за други појќе одошто за себе.
683. Во нашево време и од најдалеку можиш да му бидиш најблизу на оној шо те сака и секоаш му требаш.
684. Секој во свое и со свое време? Значи забораени али отуѓени.
685. Се прајш голем, а си помал од сенка без чоек.
686. И откога ќе победи вистината, лажгите против неа не можи да се забораат.
687. Секого советуам најпрвин мислата да му биди слободна.
688. Сечија трага за откривање со своја длабина.
689. Паметам саде незаборавно.
690. Некоаш помислуам оти шо било наше од друзи зависело.
691. Има и бетер? Можи да има, а можи и да нема. Од чоек зависи.
692. Луѓе, не прајте колку да биди напраено. Прајте асолно, за да трај и по вас.
693. На туѓини им се за разнебитуање и народо и негоата земја исконска. За да газдуаат со ними.
694. Секому за арно и поарно. Тогај некому нека му биди најарно.
695. Гради и не им давај на рушители да рушат соградено. Они се за да нема твое минато.
696. Денес за утре је кога секој живеј убоо со она шо го знај и го умеј.
697. Со Госпо напред по ново почнуање.
698. Се радуа чоек дури је чоечен и дури се друзи чоечни со него.
699. Најубоо ти је кога си саде со убајни.
700. Нема друга љубов ко шо је твојта.
701. Од шо многу сакаше, изгуби премногу, а можи да изгуби и сè.
702. Ќе ти биди вратено немило за недраго.
703. Не си со времево оти нито ти си во него, нито оно је за тебе.
704. Боли шо некоаш сме биле заедно, а сега не ме ни познааш.
705. Тагата времето ја надминуа? Не би рекол.
706. Исто је и младо и старо при ум.
707. Многу је полесно да сме заедно во секое едно.
708. Спокој и ведрост кога нема мачна живеачка.
709. Чоек му је на чоека секоаш полезен
710. Остај нешто твое за потомците, а они ќе знаат шо и како со него.
711. Белки не мислиш оти има некој шо мисли сал на себеси и на никој друг.
712. Лажевте и крадевте дури бевте власт. Откоа не сте, лажите ама не можите да крадете ко тогаш.
713. Се учи да бидиш власт, ама се учи и да бидиш опозиција.
714. Плачи ко возрасен чоек, а не ко мало дете.
715. Ни ме читаат ни ме слушаат оние шо треба? А кои се они?!
716. Како се зголемуа староста, така се зголемуа и предаањето на како било пишано.
717. Без искреност, чесност и сакање не можиме ни едни со друзи ни едни за друзи.
718. Ги знајме апашиштата по име и презиме, ама ними ни мува ги лази ни влакно на глајте им фали.
719. Парата со чесност, пот, мака и саможртва заработена секоаш на виделина.
720. Кога ќе видам преубаа млада жена, староста појќе ми дотежуа.
721. Бегај од срдит чоек. Од него можи да ти се стемни пред очи.
722. А мори дејче лично, доста занесуаш момчиња и момоци со личбата. Покажи им се умно, вредно и на рамкна нога со ними.
723. Никој ко ти без никој.
724. Не си дозволуам да се најдам меѓу грди сурати. Зашто ќе го нагрдат и мојо.
725. Упорити се да не сменат ништо на поарно зато шо во лошо им је најарно.
726. А бе ај доста со то твое омаловажуање на мојто дело. Зарем уште не си наситен?
727. Мене никој ништо не ми можи оти отсекоаш сум бил и сум си свој на свое и со свое.
728. Белосветскине политиканти можат како сакаат саде со исти ко нив, изроди и платеници.
729. Свето је неспоредлив со мојо.
730. За убоо со убоо и со љубов.